ГРАДЕЊЕ НА КАРИЕРА

Во ПоинтПро Консалтинг нудиме поддршка за нашите клиенти која ќе им овозможи да осигураат и одржат конкурентска предност на пазарот. Во текот на годините од нашето работење успеавме да го оствариме таквиот имиџ преку силна верба во активното учење, одржливоста во однесувањето и постојаниот стремеж кон совршенство, како вредности кои се негуваат во секоја активност на нашите вработени. 

оинтПро Консалтинг се стреми кон вработување на високо квалитетни, полни со ентузијазам, талентирани тимски играчи кои поседуваат силни технички и аналитички способности и кои веруваат и се спремни да направат промена. Во ПоинтПро Консалтинг секој член на тимот има слобода да учи и да се надоградува, да размислува широко и надвор од општоприфатените рамки, да ја користи сопствената креативност и да ги негува своите лидерски способности. Ние инвестираме во Вашиот потенцијал како консултант, тимски соиграч , и на крајот и Вашиот потенцијал како лидер во полето на вашиот интерес и експертиза.

ПоинтПро Консалтинг е работодавец кој нуди еднакви можности за вработување.

 

ПРOФИЛ НА КАНДИДАТИТЕ

Во согласност со специфичните потреби на краток, среден или долг рок, ќе ги објавуваме можностите за вработување во поголемите локални весници. Сите отворени работни места ќе бидат објавени и тука на нашата веб страна. Во тековниот период не постои потреба за нови вработувања.


КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ

За да се пријавите за работното место за кое сте заинтересирани, Ве молиме пратете го Вашето последно CV (кратка биографија) заедно со мотивационо писмо, во кое ќе го посочите Вашето разбирање за работното место и Вашата лична мотивација зошто се пријавувате токму за тоа работно место, на следната е-маил адреса:

Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

Ве молиме без телефонски јавувања.