Обука и градење на капацитети |
|
|
Проектно искуство
ПоинтПро Консалтинг располага со значително искуство со програми за оспособување на кадри како на институционално така и на индивидуално ниво. Оваа корпоративна способност е развиена паралелно со консултантските услуги и производи, во обид да се инкорпорира нашето консултантско искуство со програмите за тренинг кои успешно ги дизајниравме и спроведувавме повеќе од 5 години во Македонија, но и во земјите од југоисточниот европски регион.
Нудиме два типа на услуги во програмата за оспособување на човекови ресурси:
Дизајн и испорака на специјализирани програми за обука, кои вклучуваат:
-
Менаџмент на проектниот циклус
-
Проектна подготовка и дизајн
-
Подготовка на физибилити студија според меѓународни стандарди
-
Проценка на влијанието врз животната средина
-
Стратешко планирање
-
Деловно планирање
-
Финансиски менаџмент и буџетирање
Институционалните програми за оспособување на кадрите примарно се насочени кон јавните агенции, компании, непрофитни и невладини организации.
|