За ПоинтПро Консалтинг
ПоинтПро Консалтинг е компанија во приватна сопственост која нуди иновативен и проактивен пристап во обезбедувањето професионални услуги од областа на менаџментот, обезбедувањето одржлив развој и градењето на капацитет за корпоративниот сектор, владините/јавните институции, како и за граѓанскиот сектор и поединците.
За што се залагаме
Визија
Да оствариме препознатливост како водечка консултантска организација која обезбедува консултантски, развојни и тренинг услуги со врвен квалитет во Македонија и регионот на југозападна Европа. Во прилог на тоа, уште од самото основање, ние постојано вложуваме во нашите стратегиски фондови кои го претставуваат институционалното знаење и човечките ресурси на ПоинтПро Консалтинг.
Мисија
Нашата мисија е да им овозможиме на нашите клиенти да ги достигнат своите крајни цели, да го подобрат своето работење како и да додадат нови и дополнителни вредности во осварувањето на резултатите, и сето тоа преку употреба на интегриран пристап, обезбедување на врвна услуга и примена на вонредни, иновативни и ефективни консултaнтски алатки.
Нашите почетоци
ПоинтПро Консалтинг е основана во 2006 година, како логичен чекор напред на партнерите-основоположници, заснован на широкото искуство стекнато преку нивното присуство и делување во областа на консултантските услуги од почетокот на 2000 година.
Оттука можеме да кажеме дека сме присутни на македонскиот и на пазарите во југоисточна Европа повеќе од шест години, остварувајќи континуиран раст и развој како во однос на обемот на услугите кои ги нудиме, така и во однос на соработката со клиентите и пазарите кои ги опслужуваме. Во текот на тој период станавме препознатливи како една од водечките компании во доменот на менаџмент консултантство и обука во Република Македонија, и секако една од ретките неколку присутни на Балканот.
Наши клиенти се претежно билатералните и мултилатералните донаторски организации како USAID, IFC, UNDP, REC, OSI, EBRD BAS/TAM Programm, DFID и EAR, претпријатијате, невладините организации (NGO), како и владини организации на централно и локално ниво.
Кон што се стремиме
Стретегискиот и развоен план на ПоинтПро Консалтинг ја открива нашата посветеност во градењето на инфраструктурата, системите и процесите на компанијата околу трите нивоа на организациска поставеност:
-
Менаџмент партнери на повисоко ниво/постари консултанти и тренери
-
Тим на консултанти на средно/пониско ниво, кои што ќе ги поддржуваат деловните активности на партнерите на повисоко ниво, и
-
Административен и помошен персонал
|