Конференција: Иновативни услуги во корпоративно финансирање
16.09.2008.

ПоинтПро Консалтинг е вклучена во организација на конференцијата за Иновативни услуги за корпоративно финансирање, која се одржува на 24 септември 2008 година, организирана од Проектот за конкурентност од УСАИД.

Конференцијата за Иновативни услуги за корпоративно финансирање е активност која ја сумира првата пилот фаза од Финансиската платформа на УСАИД проектот за конкурентност. ПоинтПро Консалтинг ќе ги презентира искуствата за пристап до финансирање.

Цели на овој полудневен настан се:

  • Врз основа на неколку пилот проеки за деловна експанзија систематски да се презентираат на банките и локалните бизниси идентификуваните прашања за финансирање, недостатоци и одржливи решенија
  • Презентација и дискусија за новите можности за финансиските услуги и на страната на понудата и на страната на побарувачката
  • Поврзување на различните можности и заинтересирани страни за подобрување на пристапот до финансии во Македонија
  • Објавување на начинот на подршка за финансиски услуги на УСАИД Проектот за конкурентност, дизајниран за поддршка на бизнисите во иднина
  • Поврзување помеѓу македонските претпријатија и финансиските институции