ПоинтПро Консалтинг - дел од победничкиот конзорциум
30.08.2007.
ПоинтПро Консалтинг - дел од победничкиот конзорциум кој ќе работи на проект финансиран од УСАИД!




ПоинтПро Консалтинг со задоволство го објавува своето учество во конзорциумот воден од КАРАНА корпорацијата, со седиште во Арлингтон, Вирџинија како и претстојната соработка на Проектот за конкурентност на УСАИД.

КАРАНА Корпорацијата и нејзиниот конзорциум од американски и локални компании (вклучувајќи го и ПоинтПро Консалтинг) ќе обезбеди техничка поддршка за подобрување на деловните практики, воведување на нови технологии, развој на работната сила, воспоставување на деловни асоцијации, и олеснување на пристапот до пазари и финансирање за Македонскиот корпоративен сектор и малите и средни претпријатија.