Анализа на можностите и подготвеноста за плаќање тарифи |
|
|
15.07.2009. |
Анализа на можностите и подготвеноста за плаќање, и институционална анализа на ЈКП, за подобрување на системите за управување со цврст отпад во Југоисточниот и Полошкиот Статистички Регион во Р. Македонија.
Како продолжение на тековните активности за развоен проект, ПоинтПро Консалтинг изработува анализа на економската вредност на од подобрено управување со комунален отпад во Македонија.
Во текот на 2008 година ПоинтПро Консалтинг изработи пред-физибилити студии за воспоставување на Интегрирани Системи за Управување со Цврст Отпад во Југо-Источниот и Полошкиот статистички регион во Република Македонија. Иницијативата е финансирана од Кралството Норвешка, и имплементирано од Регионалниот Еколошки Центар за Централна и Источна Европа (РЕЦ) - Канцеларија во Македонија.
Тековните активности се продолжување на изработените студии и примарно се фокусирани кон анализа на економските вредности од унапредено управување со комунален отпад. Конкретно, ангажманот вклучува
-
Проценка на преференците на крајните корисници на системите за Интегрирано Управување со Комунален Отпад во однос на (1) предложено-то/проектираното ниво и квалитет на услугите, (2) подготвеноста за плаќање (willingness-to-pay) тарифи за подобрените услуги, како и учество во подобрувањето, и (3) односот кон и очекувања на крајните корисниси од владините политики кои се однесуваат на управувањето со комунален отпад.
- Идентификација на најважните јазови во институционалните капацитети на неколкуте поголеми Јавни комунални претпријатија, во двата статистички региона, како и препораки кои се однесуваат на неопходните активности за градење на капацитетите кои треба да се спроведат во рамки на проектот.
Се очекува регионализицијата и унапредувањето на услугите за управување со комунален отпад да резултираат во значителни придобивки за населението, особено бидејќи сегашните несоодветсвени практики за собирање и складирање на отпад предизвикуваат значајни притисоци по животната средина и здравјето на населението низ целата земја.
|