EnglishМакедонски
 




HOBO



KOHTAKT

ул. Максим Горки 16

1000 Скопје, Македонија

Тел:
+389 2 3120 556
Тел/Факс: +389 2 3115 800

е-маил: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 
 

NEWSLETTER

Оставете го вашето име и е-маил да добивате новости од ПоинтПро Консалтинг






 
ПОЧЕТНАЗА НАСУСЛУГИПРОЕКТИТИМВРАБОТУВАЊЕВЕСТИ
 

ПОЧЕТНА arrow УСЛУГИ arrow Одржлив развој
Одржлив развој Испечати Е-пошта

Проектно искуство

Како да ги постигнеме нашите денешни цели без намалување на капацитетот за идните генерации да ги постигнат нивните?

Оваа област на експертиза произлегува од ефективната комбинација на нашите вештини за развивање на деловното работење и нашето искуство во развивање на општински инфраструктурни проекти. Ги вклучува следните:

Проектно планирање и дизајн на инфраструктура

Главен продукт тука е сеопфатна физибилити проценка на разни локални инвестициски проекти во општинска инфраструктура за локален одржлив развој, земајќи ги во предвид сите релевантни аспекти во однос на дизајнирањето: локален/регионален стратегиски контекст, анализа на побарувачката, техничка анализа, финансиска и економска трошоци-придобивки (cost-benefit) анализа во согласност со интернационалните стандарди со употреба на техника на дисконтирање, како и анализа на институционалната способност на проектниот ентитет (општинска агенција или јавно претпријатие).

 Локален економски развој

  • Проценување на тековната економска состојба на регионалната/локална економија

  • Поставување на хиерархија на цели и достигнувања, врз основа на тековните предности и можности во регионален и национален стратегиски контекст.

  • Идентификација на докажани, функционални мерки, проекти и инвестиции и нивна сеопфатна проценка и рангирање користејки ги алатките на cost-benefit анализата од аспект на јавниот сектор.

  • Развој на општата инстраструктура на локалната самоуправа  и индустриските паркови.

  • Развиток на “мека”, или институционална инфраструктура за поддршка на локални бизниси како што се бизнис инкубаторите, развој на советодавни услуги, флексибилно и соодветно прилагодување на деловните ентитети во рамки на општините.    

  • Идентификација на можности за јавно-приватно партнерство на регионално ниво. Ова вклучува неколку инструменти кои се однесуваат воедно и на менаџмент и на финансиски прашања и односи.

  • Структурирање на стратегијата за имплементација како и финасиските аранжмани.

  • Обезбедување на поддршка за идентификување и привлекување на разни извори за финансирање на проекти.

Услуги за животната средина

  • Прелиминарен и детален преглед на животната средината

  • Анализа и дизајн на технологии, системи и проекти за превентива од загадување

  • Анализа на енергетската ефикасност и дизајн и анализа на проектни инвестиции

  • Идентификација  на извори за финансирање на проектни инвестиции

 
   

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
ПОЧЕТНАЗА НАСУСЛУГИПРОЕКТИТИМВРАБОТУВАЊЕВЕСТИ
web and hosting by
Copyright © 2007 PointPro Consulting designed by