EnglishМакедонски
 




HOBO



KOHTAKT

ул. Максим Горки 16

1000 Скопје, Македонија

Тел:
+389 2 3120 556
Тел/Факс: +389 2 3115 800

е-маил: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 
 

NEWSLETTER

Оставете го вашето име и е-маил да добивате новости од ПоинтПро Консалтинг






 
ПОЧЕТНАЗА НАСУСЛУГИПРОЕКТИТИМВРАБОТУВАЊЕВЕСТИ
 

ПОЧЕТНА arrow УСЛУГИ arrow Менаџмент консалтинг
Менаџмент консалтинг проекти Испечати Е-пошта

Проектно искуство

Се дефинираме себеси како сеопшти експерти во областа на менаџментот, со значително искуство и опширна база на знаења во доменот на консултантските / менаџерски алатки.

И покрај тоа, сметаме дека нашата најцврста основа и стручност доаѓаат до израз и се фокусираат во следните неколку области:

Проектен и инвестиционен менаџмент

  • Дизајнирање и подготовка на проекти и инвестициони потфати, која вклучува и детална анализа, евалуација и дизајн на проекти и инвестиции во различни индустрии и изработка на пред-физибилити или целосна физибилити студија, следена од изработка на  бизнис план.

  • Имплементација на проекти, која вклучува: поддршка во процесот на планирање на набавки и подготовки за тендери, евалуација и селекција на изведувачи врз основа на конкурентни наддавања, надгледување и контрола на реализацијата на проектот, проценка на одржливоста на проектот, како и евалуација на проектот.

Оперативен манаџмент

  • Анализи на деловните оперативни системи и процеси, како што се: анализа на ланецот/системот на набавки, логистички системи, анализа на техничките системи и процеси
  • Прелиминарна инженеринг анализа и технолошки проценки
  • Идентификување на пропусти и недостатоци и изготвување на препораки за подобрување на изведбата и  додавање на нови вредности во извршување на деловните операции и процесот на набавки

Финансиски менаџмент

  • Обезбедување обуки за приватниот сектор, за тоа како да ги идентификуваат потребите за капитал (вклучително, но не и ограничено само на потребите за работен капитал), како да обезбедат долгорочно финансирање и капитални инвестиции и да развијат одржливи бизнис планови и финансиски модели кои ќе ги прикажуваат капиталните потреби, способноста за отплата и  инвестициските можности.
  • Изработка на листи на потенцијални извори на капитал, што вклучува, но и не ги лимитира таквите извори само на донаторски или програми преку обезбедување на акции, преку домашни или странски инвеститори, вклучувајќи ги тука акционерските друштва или приватните инвестициски компании.

Развој на деловна стратегија

  • Комплетна ревизија на работењето, која вклучува: маркетинг анализа, оперативни и технички анализи, систем на набавка, сметководствен и финансов менаџмент, анализа на окружувањето, како и анализа на поставеноста на системот на човечките ресурси и квалификуваноста.
  • Формулирање и развој на деловната стратегија, која вклучува: формулирање (преформулирање) на целокупната деловна стратегија, формулирање на меркетинг стратегијата и инкорпорирање на маркетинг функцијата, системите и нејзините алатки.
 
   

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
ПОЧЕТНАЗА НАСУСЛУГИПРОЕКТИТИМВРАБОТУВАЊЕВЕСТИ
web and hosting by
Copyright © 2007 PointPro Consulting designed by