EnglishМакедонски
 




HOBO



KOHTAKT

ул. Максим Горки 16

1000 Скопје, Македонија

Тел:
+389 2 3120 556
Тел/Факс: +389 2 3115 800

е-маил: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 
 

NEWSLETTER

Оставете го вашето име и е-маил да добивате новости од ПоинтПро Консалтинг






HAJABA






Си ја заборавивте лозинката?
 
ПОЧЕТНАЗА НАСУСЛУГИПРОЕКТИТИМВРАБОТУВАЊЕВЕСТИ
 

ТИМ
" Испечати Е-пошта
13.03.2008.

 

  СОДРУЖНИЦИ               

Симон Аврамовски, е професионалец со 20 годишно искуство како менаџмент консултант, експерт за развој и дизајн на проекти, менаџмент тренер и инженер консултант. Г-дин Аврамовски има работено како локален и регионален консултант, тренер и технички советник на голем број меѓународно финансирани развојни проекти во Македонија и Југо Источна Европа. Поседува огромно искуство во работењето со јавниот сектор (централна и локална власт), бизниси, цивилен сектор и индивидуи. Неговото проектно искуство вклучува проектно дизајнирање, финансиска и економска евалуација, институционална и корпоративна проценка, стратегиско и бизнис планирање, како и локален и регионален економски развој. Неговото искуство по индустрии вклучува градежништво, туризам, развој на општинска инфраструктура, услуги од јавен сектор (раководење со цврст отпад и управување со водни ресурси), преработувачка и винска индустрија.

Данчо Узунов, поседува повеќе од 20 години искуство во проектна идентификација, развој и менаџмент на инженерски и инфраструктурни проекти за животната средина; обезбедувајќи консалтинг услуги, тренинг и техничка помош за управување со животната средина и секторите за локален одржлив развој во преку 15 земји во Југо Источна Европа и бившите советски републики. Проектното искуство на Г-дин Узунов вклучува проектен менаџмент, физибилити проценки, дизајнирање, спецификации за дизајнирање и подготовка на тендери, како и надзор на градежни, инженерски и инфраструктурни проекти за животната средина. Неговото искуство за техничка помош вклучува услуги за градење на институционални капацитети, мониторинг и евалуација на проекти, мониторинг и администрација на грантови, како и тренинг. Тој поседува огромно искуство во работењето со јавни институции, бизниси, меѓународни развојни организации и организации од цивилниот сектор.

 

ПАРТНЕРИ________    

  Ангел Панов, е консултант, специјалист за проектен развој и градежен инжењер со повеќе од 14 годишно искуство во областа на развој на инфраструктура за животната средина. Во неговата кариера, Г-дин Панов работел на голем број проекти за менаџирање на водените ресурси (развој на хидроенергетски системи, регулации на речни корита, хидро мелиоративни системи и водоснабдување), проекти за заштита на животната средина (менаџмент со отпадни води и менаџирање со цврст отпад) во Македонија, Југо Источна Европа и Италија. Неговото искуство во проекти вклучува: планирање и проектирање на различни фази во проектниот развој, финансиска и економска оценка на изводливост, проценка на одржливост, институционална проценка и градежен надзор. Г-дин Панов е магистер во областа на градежништвото.

 

КОНСУЛТАНТИ                

 Ивана Станковиќе менаџмент консултант со преку 6 години професионално работно искуство со приватни фирми од различни индустрии, како и компании од јавниот сектор, со развиени способности и знаење од различни функционални области и специјализирана во корпоративни финансии. Ивана е виско мотивиран и услужно ориентиран консултатн, кој е спремен да вложи дополнителен труд за да ги надмине очекувањата на клиентите. Ивана Станковиќ поседува диполма за завршен Економски факултет, отсек Финансиски менагмент, а воедно го има положено и првиот степен (Level 1) од CFA програмата.

 

 Ненад Младеновские млад професионалец со изразена страст кон организациски развој и лидерство. Во последните 4 години, работи како менаџмент консултант во ПоинтПро Консалтинг, на бизнис проекти за раст и стратегии за развој. Г-дин Младеновски има професионално искуство во пазарни и финансиски анализи, финансиско проектирање и моделирање, како и корпоративни финансии.

 
   

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
ПОЧЕТНАЗА НАСУСЛУГИПРОЕКТИТИМВРАБОТУВАЊЕВЕСТИ
web and hosting by
Copyright © 2007 PointPro Consulting designed by