EnglishМакедонски
 




HOBO



KOHTAKT

ул. Максим Горки 16

1000 Скопје, Македонија

Тел:
+389 2 3120 556
Тел/Факс: +389 2 3115 800

е-маил: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 
 

NEWSLETTER

Оставете го вашето име и е-маил да добивате новости од ПоинтПро Консалтинг






 
ПОЧЕТНАЗА НАСУСЛУГИПРОЕКТИТИМВРАБОТУВАЊЕВЕСТИ
 

ПОЧЕТНА arrow ЗА НАС
ЗА НАС
Испечати Е-пошта

  За ПоинтПро Консалтинг 

ПоинтПро Консалтинг е компанија во приватна сопственост која нуди иновативен и проактивен пристап во обезбедувањето професионални услуги од областа на менаџментот, обезбедувањето одржлив развој и градењето на капацитет за корпоративниот сектор, владините/јавните институции, како и за граѓанскиот сектор и поединците. 

За што се залагаме

Визија
Да оствариме препознатливост како водечка консултантска организација која обезбедува консултантски, развојни и тренинг услуги со врвен квалитет во Македонија и регионот на југозападна Европа. Во прилог на тоа, уште од самото основање, ние постојано вложуваме во нашите стратегиски фондови кои го претставуваат  институционалното знаење и човечките ресурси на ПоинтПро Консалтинг.

Мисија
Нашата мисија е да им овозможиме на нашите клиенти да ги достигнат своите крајни цели, да го подобрат своето работење како и  да додадат нови и дополнителни вредности во осварувањето на резултатите, и сето тоа преку употреба на интегриран пристап, обезбедување на врвна услуга и примена на вонредни, иновативни и ефективни консултaнтски алатки.

Нашите почетоци

ПоинтПро Консалтинг е основана во 2006 година, како логичен чекор напред на партнерите-основоположници, заснован на широкото искуство стекнато преку нивното присуство и делување во областа на консултантските услуги од почетокот на 2000 година.

Оттука можеме да кажеме дека сме присутни на македонскиот и на пазарите во југоисточна Европа повеќе од шест години, остварувајќи континуиран раст и развој како во однос на обемот на услугите кои ги нудиме, така и во однос на соработката со клиентите и пазарите кои ги опслужуваме. Во текот на тој период станавме препознатливи како една од водечките компании во доменот на менаџмент консултантство и обука во Република Македонија, и секако една од ретките неколку присутни на Балканот.

Наши клиенти се претежно билатералните и мултилатералните донаторски организации како USAID, IFC, UNDP, REC, OSI, EBRD BAS/TAM Programm, DFID и EAR, претпријатијате, невладините организации (NGO), како и владини организации на централно и локално ниво.

Кон што се стремиме

Стретегискиот и развоен план на ПоинтПро Консалтинг ја открива нашата посветеност во градењето на инфраструктурата, системите и процесите на компанијата околу трите нивоа на организациска поставеност:

  1. Менаџмент партнери на повисоко ниво/постари консултанти и тренери

  2. Тим на консултанти на средно/пониско ниво, кои што ќе ги поддржуваат деловните активности на партнерите на повисоко ниво, и

  3. Административен и помошен персонал

 
   

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
ПОЧЕТНАЗА НАСУСЛУГИПРОЕКТИТИМВРАБОТУВАЊЕВЕСТИ
web and hosting by
Copyright © 2007 PointPro Consulting designed by