EnglishМакедонски
 




HOBO



KOHTAKT

ул. Максим Горки 16

1000 Скопје, Македонија

Тел:
+389 2 3120 556
Тел/Факс: +389 2 3115 800

е-маил: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 
 
 
ПОЧЕТНАЗА НАСУСЛУГИПРОЕКТИТИМВРАБОТУВАЊЕВЕСТИ
 

ПОЧЕТНА arrow Experience_Management Consulting Projects
Оценка на задоволство на клиентите на Футура 2/2 Испечати Е-пошта
14.10.2009.

KOLEGI NISTO OD OVA< DRUG NACIN SE IZBRA

  www.pointpro.com.mk/futuraCSS2.htm

 

ПоинтПро Консалтинг е ангажирана од страна на Футура 2/2 за спроведување на прашалник и интервјуа, со цел Оценка на задоволството на клиентите на Футура 2/2.

Стратегиска цел на Футура 2/2 е постојано подобрување на услугите насочени кон остварување на повисока додадена вредност на нашите клиенти.

За остварување на цел значајно е мислењето на клиентите на Футура 2/2 за перформансите, услугите и односот кон Вашата компанија од страна на Футура 2/2, но воедно и согледување на најважните очекувања од Вашата идеална маркетинг/рекламна агенција.

Освен Прашалникот за Задоволство на клиентите,  Футура изработи и прашалник за оценка на задоволството од Футура за Менаџментот во Вашата компанија.

Сето ова е со цел да ја унапредиме заедничката соработка и Вашето задоволство од нашата заедничка работа.

Да пристапите кон прашалникот за задоволство на  клиентите на Футура 2/2, кликнете тука.

 
Оценка на задоволство на менаџментот на клиентите на Футура Испечати Е-пошта
14.10.2009.

KOLEGI NISTO OD OVA< DRUG NACIN SE IZBRA

www.pointpro.com.mk/futuraCSS1.htm

 

 

ПоинтПро Консалтинг е ангажирана од страна на Футура 2/2 за спроведување на прашалник и интервјуа, со цел Оценка на задоволството на клиентите на Футура 2/2.

Стратегиска цел на Футура 2/2 е постојано подобрување на услугите насочени кон остварување на повисока додадена вредност на нашите клиенти.

За остварување на таа цел значајно е мислењето на клиентите на Футура 2/2 во однос на перформансите, услугите и односот кон Вашата компанија , но воедно и согледување на најважните очекувања од Вашата идеална маркетинг/рекламна агенција.

Освен овој Прашалник наменет за оценка на задоволството на менаџментот на клиентите на Футура, изработен е и прашалник за оценка на задоволството од соработката со Футура на Маркетинг тимот во Вашата компанија.

Сето ова е со цел да ја унапредиме заедничката соработка и Вашето задоволство од нашата заедничка работа.

Да пристапите кон прашалникот за задоволство на менаџментот на клиентите на Футура 2/2, кликнете тука.

 
Пристап до финансии во проект за финансиска платформа Испечати Е-пошта
16.09.2008.
Клиент: Проектот за конкурентност финансиран од страна на УСАИД (УСАИД/ПК)


ПоинтПро Консалтинг е директно инволниран во првата така наречена пилот фаза од  Проектот за конкурентност финансиран од страна на УСАИД (УСАИД/ПК)

ПоинтПро Консалтинг во изминатиот период континуирано работеше  со неколку македонски компании овозможувајќи им систематско идентификување на ограничувањата во нивниот досегашен пристап до финансирање, со истовремено сумирање на можностите кои се развиваат и на страната на побарувачката и на страната на понудата на финансиски услуги (бизниси и банки).


Врз основа на погоре изложеното, УСАИД/ПКМ ја имплементира Финансиска платформа со следните цели:

  • Експанзија на бизнисите и финансирањето на проектите во Македонија преку идентификување и разрешување на ограничувањата и несовршеностите кои постојат на тековните пазари.
  • Демонстрирање на тоа како да се надминат тие бариери преку насочена работа на релевантен збир на проекти и нивно поврзување со изворите на финансии и на домашните и на меѓународните пазари.
  • Презентација на идентификуваните прашања, најдобри практики и лекции кај пошироката бизнис средина, обезбедувачите на финансии и олеснувачите на пристапот до финансии со цел на суштински начин да се поддржи одржливиот пристао до финансии во Македонија.



 

 
План за Деловен пресврт на фармацевтски малопродажен ланец Испечати Е-пошта
18.03.2008.
Период: Јануари  - Март 2008

Клиент: Градски аптеки Скопје

ПоинтПро консалтинг беше ангажиран за развој и изработка на Стратегиски и бизнис план за Градски аптеки Скопје, претпријатие ланец на аптеки во подрачјето на Скопје.

Консултантскиот ангажман на ПоинтПро консултинг е составен од три компоненти:

  • Анализа и проценка на минатите перформанси и идентификација на интерните и екстерните влијанија врз перформансите на бизнисот;

  • Развој на Стратегија за деловен пресврт и 

  • Бизнис план за подобрување на перформансите;

Дефинираниот имплементациски план вклучува модели, дефинирани проекти, инвестициони проценки, план на активности за
  • Организациско реструктуирање

  • Политики за менаџирање со човечките ресурси

  • Развој на  информационо-комуникациска технологија соодветна со процесите;

  • Развој на маркетинг и финансиски план на среден рок;

  • Анализа на ризиците.

 
АгБиз Програма -Проценка на бизнис проекти и животна средина Испечати Е-пошта
10.02.2008.

Клиент: АгБизПрограмата на УСАИД

Период: Јануари 2008 – во тек

Тимот на ПоинтПро Консалтинг беше и сеуште е вклучен во повеќе проекти, обезбедувајќи услуги од типот на еколошки преглед (ЕДД) и оценка на превенцијата од загадување (ППА) за три винарии во Македонија  - ,,Фонко", ,,Картал" и ,Попова Кула", како и оценка на можноста од проекти за проширување на бизнисот за ,,Виламет", Крива Паланка и винаријата ,,Попова Кула", Демир Капија со цел добивање средства од грантовите на АгБиз програмата. 

АгБиз го зголемува економскиот раст во Македонија преку проширено и еколошки одржливо производство и продажба на земјоделски производи со додадена вредност. Програмата ја подготвува Македонија за влез во Европската Унија, оспособувајќи ги производителите и преработувачите да се конкурентни на регионално и глобално ниво. Програмата ја остварува оваа задача преку едуцирање на производителите за новите пазари, олеснување на пазарните односи и извозот со додадена вредност како и подобрување на менаџмент и оперативните процеси. Програмата промовира подобрени пазарни односи преку:
  • Идентификација на одржливи транскации

  • Зајакнување на конкурентноста на синџири на додадена вредност и идентификација на ограничувањата

  • Равој на програмата за поддршка и имплементација

  • Реформи во законодавството и институциите

  • Обезбедено финансирање за клиентите 

 

 
Turn Around Management Plan for Publishing House Kultura Испечати Е-пошта
27.12.2007.
FRONTPAGE_NO_TRANSLATION_AVAILABLE
 
Research and analysis for Strategy Planning Roundtable of the USAID's Competitiveness Project Испечати Е-пошта
21.11.2007.
FRONTPAGE_NO_TRANSLATION_AVAILABLE
 
Проценка на добавувачкиот ланец во сектор рециклирање во РМ Испечати Е-пошта
13.03.2008.

Клиент: IFC Приватно компаниско партнерство за југоисточна европа (PEP-SE) Установа

Период: Фебруари - Мај, 2006

ПоинтПро Консалтинг спроведе истражување за менаџментот за ланецот на испорака во рециклирачкиот сектор во Македонија и подготви проценка на големината на секоторот, тип на рециклирачки материјали, карактеристики, потенцијал, празнини и полиња на кои им треба понатамошен развиток. Фокусот на анализата е во период од 2004та до 2006та година

 
Деловен пресврт за мелница за пченично брашно Испечати Е-пошта
13.03.2008.

Клиент: Нова Холдинг, Македонија

ериод: Мај-Јуни, 2007

Проценка на претходните перформанси и идентификација на причините за лошиот финансиски развој на мелници за пченично брашно во Демир Капија, Македонија. Развивање на ТAM стратегија и бизнис план за подобрување на бизнис перформанси на краткорочен и среднорочен план.

 
IFC Програма за рециклирање во Југо Источна Европа Испечати Е-пошта
13.03.2008.

Клиент: IFC Менаџирана PEP-SE рециклирачка поврзувачка програма

Период: Март – Мај, 2006

Клучен придонес во подготовка на проценката на индустрија за рециклирање во Македонија, за IFC менаџирана PEP-SE (Приватно компаниско партнерство за југоисточна европа) програма. Студијата анализирала: рециклирани материјали, зафатнини, трендови, пазари и пракси на оперирање во Македонските собирачи и процесирачи на отпадни материјали. Можности за пораст и интерни пракси како и системски подобрувања се идентификувани.

 
Бизнис план за фабрика за биодизел во Македонија Испечати Е-пошта
13.03.2008.

Клиент: Нова Холдинг, Македонија

ериод: Мај-Јуни, 2007

Подготовка на сеопфатен бизнис план за воспоставување на почетна фабрика за производство на биодизел. Пазарна анализа за набавка на суровини за производство, калкулации за продажни цени и услови за биодизел. Проекција на проформа финансиски извештај и развиток на финансискиот модел. Калкулација на веројатниот ROI (поврат на инвестиција) користејки DCF техника.


 
Физибилити студија за рециклирање на акумулатори Испечати Е-пошта
13.03.2008.

Клиент: Регионална Релициклирачка Поврзувачка Програма, менаџирара од IFC заедно со Македонска Асоцијација за секундарни сурови материјали (ZMSS)

Период: Мај-Јуни, 2007

Одговорности: Подготовка на целна физибилити студија за потенцијалнa и финансиско економскa изводливост на инвестициски проект во рециклирање на оловни батерии во Македонија.

тудијата го испитува потенцијалот за генерирање на отпад од оловните батерии во Македонија, технолошки опции, пазарна анализа, и сеопфатна финансиска анализа со цел да се демонстрира пред членството на ЗМСС повратокот на инвестицијата и главните ризици поврзани со имплементацијата на проектот.

 

 
   

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
ПОЧЕТНАЗА НАСУСЛУГИПРОЕКТИТИМВРАБОТУВАЊЕВЕСТИ
web and hosting by
Copyright © 2007 PointPro Consulting designed by