EnglishМакедонски
 




HOBO



KOHTAKT

ул. Максим Горки 16

1000 Скопје, Македонија

Тел:
+389 2 3120 556
Тел/Факс: +389 2 3115 800

е-маил: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 
 
 
ПОЧЕТНАЗА НАСУСЛУГИПРОЕКТИТИМВРАБОТУВАЊЕВЕСТИ
 

ПОЧЕТНА arrow Experience_Capcaity building and training
Градење на капацитетите на Владата на РМ за ЕУ интеграција Испечати Е-пошта
21.03.2008.

Клиент: ГОФРЕ Проект – Градење на административните капацитети за ЕУ интеграција

Период: Декември 2007 – Март 2008

ПОИНТПРО Консалтинг е ангажиран за анализа и предлог за утврдување на нови мониторинг индикатори од областа на стратешкото планирање и анализа на политиките и координација за следење на реализацијата на Годишнта програма за работа на Владата на Република Македонија.

За следење и оценка на степенот на реализацијата на тековните стратешки приоритети, цели и политики, Генералниот Секретаријат на Владата на РМ дефинираше одреден број на индикатори за следење т.е. Мониторинг индикатори – МИ за стратешко планирање и анализа и координација на политиките во рамките на ПСМАЛ проектниот аранжман со Светската Банка.

Целите на анализата во рамки на студијата изработена од ПоинтПро Консалтинг се следните:

  • преглед и анализа на процесите на стратешко планирање во согласност со буџетскиот циклус и подготвувањето на ГПРВ

  • анализа на бројот, соодветноста и степенот на опфат на постоечката група на мониторинг индикатори за стратешко планирање и анализа и координација на политиките

  • дефинирање предлог за нови, изменети и надополнети мониторинг индикатори

  • сумирање заклучоци и дефинирање препораки за нивна понатамошна имплементација

 
Работилница за стратешко планирање за министерствата во РМ Испечати Е-пошта
13.03.2008.

Клиент: Генерален Секретаријат на Влада на Република Македонија

Период: Јуни, 2007

Комплетен дизајн и изведба на работнилница за поддршка на процесот на стратешко планирање на Македонските министерства во согласност со Националниот план за развој и политиката на владата. Ова е прва фаза од комплексниот план за обуки која ќе биде завршена со крајот на годината.

Цел на програмата е поддршка и координација на процесот на стратешко планирање и циклус на буџет на министерско ниво.

 
Работилница за Ефикасно Менаџирање со Јавни Расходи Испечати Е-пошта
2.05.2008.
Клиент: Агенција за државни службеници на Република Македонија, ПериодЧ Мај 2007

Дизајн и спроведување на тридневна тренинг работилница за менаџирање со буџетскиот циклус и менаџирање со јавни расходи, наменет за менаџери од средно ниво во министерствата и владините агенции во Република Македонија.

 
Работилница за управување со проектен циклус за НВО Испечати Е-пошта
13.03.2008.

Клиент: Фондација Институт Отворено Општество Македонија (ФИООМ) и Европска Агенција за Реконструкција (ЕАR)

Период: Септември 2004 –2007

Подготовка и остварување на неколку работилници , вклучувајќи и вежби засновани на илустрација нa случај за проект дизајн, планирање и надгледување на проекти.

 
Стратешко планирање за 8 центри за поддршка на НВО во РМ Испечати Е-пошта
13.03.2008.

Клиент: Фондација Институт Отворено Општество Македонија (ФИООМ)

Период: Март, 2006

Специфична услуга овозможена од PointPro консултаните за координаторите на проекти на 8 центри за поддршка на невладини организации (НВО) во Македонија:

  • Дизајн и имплементација на специјализирана програма за обука во стратешко планирање и управување со циклус на проект.

  • Поддршка во подготовка на стратечки планови за развој на организациски услуги, пазар и активности за идните независни невладини центри за поддршка во Македонија

 
   

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
ПОЧЕТНАЗА НАСУСЛУГИПРОЕКТИТИМВРАБОТУВАЊЕВЕСТИ
web and hosting by
Copyright © 2007 PointPro Consulting designed by