EnglishМакедонски
 




HOBO



KOHTAKT

ул. Максим Горки 16

1000 Скопје, Македонија

Тел:
+389 2 3120 556
Тел/Факс: +389 2 3115 800

е-маил: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 
 
 
ПОЧЕТНАЗА НАСУСЛУГИПРОЕКТИТИМВРАБОТУВАЊЕВЕСТИ
 

ПОЧЕТНА arrow Experience_Sustainable Development Projects
Пред-физибилити за систем за управување со цврст отпад Испечати Е-пошта
21.03.2008.

Клиент: Регионален центар за заштита на животна средина (РЕЦ), Канцеларија во Македонија

Период: Февруари – во тек (до Октомври 2008)

ПОИНТПРО Консалтинг е ангажирана за развој на пред-физибилити оценка на алтернативите за воспоставување на систем за интегрирано управување со цврст отпад во Полошкиот и Струмичко-Радовишкиот регион.

Главните цели на пред физибилити студијата за оценка на можностите се следните:

  • Оценка на тековните прктики и проблеми во управувањето со цврст отпад во регионите Струмица-Радовиш и Полог

  • Идентификација и евалуација, (на ниво на пред физибилити студија), на важноста и можноста за имплементација на практични решенија за воспоставување на Интегриран систем за управување со цврст отпад во двата региони

  • Дефинирање на стратегии и бизнис модели за имплементација на интегрираните системи за двата региони одделно

 
Проценка на потенцијалот за економски развој на С. Косово Испечати Е-пошта
10.12.2007.

Клиент: СПАРК, Холандија

Период: Ноември - Декември 2007

ПоинтПро Консалтинг беше ангажирана да обезбеди значајна консултантска експертиза во проценката на потенцијалот за економски развој во Северно Косово.

Проценката вклучува екстензивна физибилити студија за идентификација и елаборација на потенцијалните активности за економски развој во Северно Косово (составено од четири општини: Лепосавич, Зубин Поток, Звечан и Митровица (север). Консултантскиот тим на ПоинтПро Консултинг оствари двонеделна посета на Северно Косово со цел да ги идентификува можностите за кои би допринеле за побрз економскиот развој во четирите општини.

Заедно со студијата, ПоинтПро Консалтинг изработи потенцијални предлог проекти за економски развој.


 
Прекугранична соработка преку планирање на инвестиции и еко. Испечати Е-пошта
13.03.2008.

Корисник: The Regional Environmental Center for Central and Eastern Europe (REC)

Период: Маj 2005 – Март 2008

PointPro консултантите дадоа експертиза на сите аспекти на инвестицискиот пакет, вклучувајќи:

  1. учество во дизајнирање на компонентите на проектот и методологијата за идентификација и подготовка на 4 инфраструктурни проекти;

  2. дизајнирање и реализирање на обучувачки работилници за идентификација на општински инвестиции на окружувањето;

  3. водечка улога во селекција, обука, стручна поддршка, контрола на квалитет и надгледување на локални експерти во период на развој на студии за идентификување на инвестиции, според меѓународни стандарди;

  4. водечка улога во подговка на завршен документ за проектот и краткорочен инвестиционен план за развој на околината со цел промовирање на истата и привлекување на финансии;

  5.  Обезбедување на поддршка на општините во пристапот и преговарањето со IFIs, потенцијални донатори и комерцијални банки.

 
Физибилити студија за загуби при наводнување во с.Наколец Испечати Е-пошта
13.03.2008.

Корисник: УНДП Македонија

Период: Јули 2007 – Септември 2007

 
Подготовката на наведената физибилити студија вклучува: идентификација на опции и стратегии на користење, трошочна анализа на идентификуваните потенцијални опции и селекција на оптимално решение, техничка и операциона спецификација, анализа на околината и вклучените заинтересирани страни, подготовка на тендерска документација за понатамошна имплементација на проектот.

 
Пред-физибилити анализа за инфраструктурен развој на Маврово Испечати Е-пошта
13.03.2008.

Корисник:  Општина Маврово – Ростуша, Македонија и група приватни сопственици на туристички објекти

ериод: Мај – Септември 2007

Подготвителната  физибилити анализа за инфраструктурен развој на регионот Маврово вклучи проценка (анализа) на тековната ситуација, идни потреби и можности, и предпроценка на финасиската анализа и капацитет на институциите за инфраструктурен развој (снабдување со вода, управување со загуба на вода, инфраструктура на патишта во Маврово (Национален парк).

 
Оттуѓување на градежно земјиште на АРМ за локален развој Испечати Е-пошта
13.03.2008.

Корисник: УСАИД - Проект за Децентрализација (ПД) во Македонија

Период: Декември, 2006 – Март, 2007

На кратко, задачата на PointPro консултантите за Проектот за децентрализација вклучува и подготовка на економска анализа за Дебар и Куманово за соодветна употреба на средствата од воени бази за развој на локалните економии. Студијата ќе служи како илустрација и одредување на конкурентни лоби активности до Македонската централна власт, т.е. промена на управувањето со недвижности во склад со тековниот процес на децентрализација во Македонија.

 
Проценка на потенцијал за користење на воени бараки за ЛЕР Испечати Е-пошта
13.03.2008.

Корисник: Локална Влада Прилеп; ПРЕДА Агенција

Период: Август 2006

ПоинтПро Консалтинг обезбеди суштинска експертиза во равојот на стратегијата за економскиот развој за користење на воената база во Прилеп за потребите на локалниот економски развој (LED).

Задачата ги посочи следните активности:

  • Креирање на база на податоци за основните недвижности на АРМ и инфраструктурната сопственост, заедно со потребниот развој и капитални инвестиции.

  • Пресметка за фиксни и варијабилни оперативни трошоци за управување на новата зона за локален економски развој (ЛЕД)

  • Развој на модел за управување и имплементациски план – на краткорочен и среднорочен план.

  • Развивање на основен и комплетен план за развиток на локалните економски развојни зони(LED) заедно дефиниција на LED зони, финансиска стратегија и дизајн на програма.

  • Табелата е дизајнирана за да ги поддржува главните пронајдоци и заклучоци.

 
Проект за обновување на Голема Река во регион Преспа Испечати Е-пошта
13.03.2008.

Корисник: УНДП Канцеларија во Македонија

ериод: Април - Ноември 2006

Изготвување на две пред анализи под покровителство на УНДП за обновување на Голема Река во Преспа регионот. Студиите обезбедија проценка на - Цврст отпад и загадување на отпадни води и користење на земјата во земјоделските активности.
Студиите ги идентификуваа и недостатоците и активностите за нивно подобрување/отстранување.

 
   

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
ПОЧЕТНАЗА НАСУСЛУГИПРОЕКТИТИМВРАБОТУВАЊЕВЕСТИ
web and hosting by
Copyright © 2007 PointPro Consulting designed by